Ончајн пријавување на УКИМ

Добровечер. Годинава матурирав и поднесов документи за да аплицирам во Словенија. Меѓутоа, бидејќи уште немам официјална потврда во однос на тоа дали сум примен, решив да аплицирам и на УКИМ, поточно ПМФ, во случај да не бидам примен или да не испадне некаков проблем со визата. Денес ги составив сите документи кои се бараат од страна на сајтот за пријава, но откако стиснав "прати", се појави плаво крукче кое само врти, и ништо не се праќа. Другарче ми кажа дека на 30ти и на 31ви наводно не ќе можело да се праќаат документи преку сајтот, но не знам дали е стварно така. Дали некој има некакви информации што е работава?

Фала однапред.

Edit: Додатно ги испратив и документите на нивиот еmail, и наводно треба да добијам повратен email дека се добиени, меѓутоа еве, чекам на тој мејл веќе 3 саати.