Совети за вежбање

Здраво дечки, јас сум многу слаба коски и кожа со масно ткиво без грам мускул, буквално "skinny fat". Сакам да станам фит, да се затегнам, да го изгубам масното ткиво и да оформам малку мускули, сакам да бидам "lean". Е сега, од одредени причини не сакам да одам во теретана, сакам да вежбам дома. Досега имам вежбано дома ама лабаво кога ќе ми текне и нормално немав никаков ефект. Сакам да си ја сфатам посериозна работата од сега и да ја оставарам целта што ја наведов погоре. Би сакала да слушнам совети како да направам мускули и да се затегнам со вежбање во домашни услови. Фала ви однапред.