Мигрирање во Бугарија и работа во IT

Поздрав!

Работам како софтверски инженер и размислувам да се пробам во соседна Бугарија. Немам бугарски пасош па ме интересира, дали има некој тука што се вработил во Бугарија без бугарски пасош и да опише како иде процедурата? Воедно, колку отрпилика изнесуваат месечните трошоци за нормален живот во Софија и како се движат моментално платите во Бугарија за софтверски инженери.

Благодарам однапред.