Новата генерација мајстори

Мајстор сум и секој ден влегувам во 2-3 различни куќи, а луѓево уште си го терат стереотипот дека мајсторите толчат по три ракии од сабајле и смрдат на лук и кромид. И влегувам јас, гледам постер од Attack on Titan, и му викам: "Само тоа го гледаш или и нешто друго? Кој ти е омилен лик?" Луѓево буквално подзинуваат, оти очекуваат да дојди некој шо не знај ни „здраво“ на англиски да кажи, а не па аниме да гледа или англиски да разбира. А кога ќе им кажам дека алкохол и работа не мешам, се штипнуваат да проверат да не сонуваат.