Вештерки и емо вампирки
Имам проблем. Многу ми се допаѓаат млади вештерки и истетовирани емо вампирки. Кога ќе видам вакви типови ми експлодирува мозокот и сум во замрзната поза со премногу емоции. И брат, млада вештерка знае како да ти свари чај што ќе ти ги реши сите животни проблеми. Можеш да имаш стомачни тегоби, емоционален колапс или да те боли душа зашто си се враќал на бившата четири пати, она има решение за СЕ. Замисли девојка што изгледа ко да не видела сонце 2 години, носи брилијантни тетоважи на врат и има piercing на места што не знаеш дека постојат. Тоа е жена што не се плаши од ништо. Легенда вика дека ако ти ги покаже тетоважите и историјата на нејзиниот Spotify, или ќе се заљубиш или ќе умреш на лице место. Брат, за избор меѓу нормална врска или жена што прави ритуали и слуша My Chemical Romance до 6 наутро, мислам дека знаеш што би сум избрал.