Купување кола, абсолутно збунет

Здраво дечки, ми дојде време да планирам да купам кола. Да кажам дека имам околу 3 години искуство со возење, така да не сум ептен почетник, и би сакал некое по убаво возило.

Исто така колку и да звучи глупо и не одговорно, би сакал и колата да биде убава/интересна. нешто кабриолетче нешто така (немам појма дали е изводливо за Буџетот. Релативно млад сум, имам време за одговорни фамилијарни коли. Милион пати сум слушнал постар господин да рече, ехх имав едно убаво количе како млад... Буџетот ми е можеби до 15к евра. Нормално би идело на старо.

И тука би сакал некои совети. Со моите примања мислам дека можам да дозволам, помогнато со кредит ( можам да ја платам и во кеш, али ќе остане малце за штедење ).

Коли на пазар3 има милион, али не се разбирам, што да гледам што е добро. Секакви совети се добредојдени, незнам дали е преопшто прашањево. Поздрав.