Сообраќајно прашање
Пред некој ден прочитав нешто од дискусија во врска со камери во автомобил и дека не било дозволено / легално. Прочитав нешто дека законски само МВР може да снима сообраќај или нешто слично. Ме интересира ако има некој стварно запознаен со законот, да објасни како е регулирана забраната за снимање сообраќај, и како е утврдено забрането снимање на сообраќај од автомобил, а не е забрането да закачам Go-Pro на кацига и да снимам насекаде. Или едноставно да застанам на кружен и да снимам со часови. Искрено, не ме интересира дали е легално или дали важи на суд, едноставно како се разликува едното снимање од другото. Ако во закон е наведено нешто во стилот “камера вградена на превозно средство”, во тој случај и Go-Pro ако ја закачам на велосипед или мопед, и тоа се води како превозно средство?